Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗГАСНУВА УШТЕ ЕДЕН ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ: Причина-внатрешни преструктурирања

ЗГАСНУВА УШТЕ ЕДЕН ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ: Причина-внатрешни преструктурирања

Германската онлајн продавница Brands4Friends ќе престане да работи на 30 јуни 2023 година, а писмено се известени 115 вработени за престанокот, пишува Феникс-магазин.

Продавницата Brands4Friends се претставува како онлајн клуб и е специјализирана за продажба на брендирани производи по намалени цени. Имаа околу осум милиони регистрирани корисници.

Во 2018 година, Brands4Friends оствари висока продажба од 137 милиони евра. Во 2021 година е забележана продажба во износ од само 63 милиони евра. Германските медиуми јавуваат дека после тоа во бизнисот почнале да се таложат црни фигури.

Упатените велат дека неколку внатрешни преструктуирања ги навеле производителите да се префрлат на други добавувачи. Како резултат на тоа, се помалку и помалку бендови беа достапни за клиентите.

Brands4Friends постои од 2007 година. Три години по неговото основање, eBay го купи старт-апот за 150 милиони евра. Продавницата е управувана од Private Sales GmbH од 2019 година.

Слично

Поврзани вести