Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ОД КИНЕЗИТЕ: Силни контрамерки за уцените на Трамп

ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА ОД КИНЕЗИТЕ: Силни контрамерки за уцените на Трамп

Кинеската влада денес ги осуди зканите на американскиот претседател Доналд Трамп со новите тарифи на кинеските производи во вредност од 200 милијарди долари нарекувајќи ги уцена, и предупреди дека ќе одговори со „силни контрамерки“.

Трамп вчера даде налог на американскиот трговски претставник да ги подготви новите тарифи на увозот на стока од Кина, заострувајќи го спорот поврзан со политиката на Пекинг кон технологијата.

Ваквиот развој на настаните ги загрижи компаниите и инвеститорите поради можно кочење на глобалната трговија и економски раст.

Кинеското Министерство за трговија го предупреди Вашингтон дека Пекинг е подготвен да ги „брани интересите на кинескиот народ и претпријатија“, на наведувајќи повеќе детали.

„Ваквата пракса на екстремен притисок и уцени отстапува од договорот кој двете страни го постигнаа во многу преговори, и така ја разочарува меѓународната заедница“, пишуваат во острото интонирано соопштение.

„Ако американската страна стане нерационална и ја објави листата (тарифа) , Кина ќе мора да донесе мерки сеопфатни по обем и квалитет како би возвратила со силни контрамерки“.

Слично

Поврзани вести