Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жесток противник на Преспанскиот договор нема да учествува на грките парламентарни избори

Жесток противник на Преспанскиот договор нема да учествува на грките парламентарни избори

Националниот совет на Независни Грци на денешниот состанок едногласно реши партијата да не учествува на изборите на 7 јули, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката доаѓа откако поранешниот коалиционен партнер во грчката влада, на европските избори пред две седмици освои само 0.8 отсто.

„Независни Грци и јас, денеска, решивме да ја соопштиме нашата одлука да не учествуваме на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец. Го слушнавме гласот на грчкиот народ. Моја должност е да продолжам да му служам на грчкиот народ. Ќе продолжам да бидам активен“, рече Панос Каменос во неговото обраќање по состанокот на националниот совет на партијата.


Слично

Поврзани вести