Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жерновски: Подготвен е трговскиот договор со В.Британија

Жерновски: Подготвен е трговскиот договор со В.Британија

Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, синоќа во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ рече дека е веќе изготвен посебниот трговски договор со Велика Британија, по синоќешното излегување на оваа земја од ЕУ.. Тој очекува истиот да биде донесен наскоро на владина седница, а потоа и ратификуван во Собранието по изборите, со што, како што вели тој, во Македонија нема да има структурални потреси со разделбата на Лондон и Брисел.

- Од октомври 2017 почнати се преговорите помеѓу двете министерства, првенство оние за финансии како и другите, за да се подготви овој терен. Тој дел ќе биде подготвен со договор кој се вика „Договор за трговија, партнерство и соработка помеѓу Северна Македонија и Велика Британија“. Оваа промена ќе трае низ тој транзициски период, што ќе трае една година пред нас додека Британија конечно ја напушти ЕУ. Сепак, и покрај тоа, на една од наредните владини седници тој билатерален договор треба да биде изгласан на владина седница бидејќи и двете страни сакаат да биде час поскоро завршен, рече Жерновски.

Тој вели дека од регионот единствено Косово пред Македонија изгласува ваков договор со Велика Британија и дека во наредниот период фокусот ќе се насочи на билатералните односи на двете земји.

„Овој проект кој што е наречен Глобална Британија ќе се одрази на односите помеѓу нашите две земји. Ние ќе мора да се фокусираме на билатералните односи на двете земји, кои инаку до сега беа покриени со Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ“, додаде Жерновски.


Слично

Поврзани вести