Жените во ЕУ два месеци работат бесплатно?
Жените во Европската Унија заработуваат 16,2 отсто помалку пари од мажите.
За својата работа тие се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, објави денеска Европската комисија.
Таканаречниот Ден на еднакви плати ден е прогласен за да се предупреди на фактот дека жените во ЕУ заработуваат помалку од мажите, дури и кога вршат иста работа на исто работно место.
Се бара европратениците и државите-членки да ја одобрат иницијативата која ја предложи извршниот орган на ЕУ со цел надминување на родовиот јаз во платите, на пример со подобрување на правата на вработените родители.
Податоците објавени денеска покажуваат големи разлики помеѓу мажите и жените на породилно отсуство.
36 проценти од мажите во ЕУ велат дека не сакаат да земат породилно отсуство, а истиот одговор го дале 19 отсто од жените.
Само четворица од десет лани зеле родителско отсуство или планирале тоа да го направат.Жените во 27-те земји-членки на ЕУ заработувале просечно 17,5 отсто помалку отколку мажите, и ова е податок објавен во март 2011 година.
