Жените уште 170 години нема да бидат економски рамноправни со мажите
Жените уште 170 години нема да бидат економски рамноправни со мажите, покажува Светскиот економски форум.
Претходно се прогнозираше дека јазот меѓу платите на мажите и жените ќе се изедначи за 118 години, но напредокот успори во многу земји.
Во Исланд и Финска има најголем напредок во поглед на рамноправноста ако се споредат 144 држави.
Следен е напредок во образованието, економските можности, здравството и други сектори.
Следат Норвешка и Шведска, а зад нив е Руанда која направи чекор напред во подобрување на состојбата.
На дно на листата се Сирија, Јемен, Саудиска Арабија и Иран.
За политичка активност јаз има во САД, каде може да се избере и жена претседател наскоро. Таму според анкетите Хилари Клинтон води пред Доналд Трамп.
