Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена загина во пожарите во Словенија

Жена загина во пожарите во Словенија

Има жртва во големиот пожар во Словенија, а се работи за жена која настрадала откако дрво паднало врз неа. Таа има 56 години и починала синоќа. 

Во Словенија, долж границата со Италија, пожарот досега зафатил повеќе од 2.000 хектари.  На мештаните од три села во атарот на пожарот (Војшчица, Темница и Роман), каде живеат околу 400 жители, им е наложено да се евакуираат, иако огнот е доста далеку од самите населени места, но областа е опасна поради густ чад, пренесуваат агенциите. Словенија се бори со најголемите пожари од осамостојувањето во 1991 година, во чие гаснење учествуваат повеќе од 1.000 пожарникари, а помагаат и хеликоптери од Австрија, Хрватска и Словачка. Во Европа пожари имаше или уште има во Франција, Шпанија, Италија, Грција и други земји. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести