Жена од Босна собирала пари за да финансира терористи
Босанка e обвинета за финансирање терористи во Сирија.
Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска ја обвинија 61-годишната Сена Хамзабеговиќ за финансирање на терористичката група Исламска држава со околу 120 илјади евра. Taa и лично им носела пари за борците во Сирија. Жената обезбедила пари за државјани на БиХ кои заминале да војуваат во Сирија и Ирак во редовите на исламистичките терористи. Од 2013 до 2018 година, таа уплаќала пари преку банка и лично носела пари во Сирија, каде што ги предавала на нејзиниот сопруг Мурадиф Хамзабеговиќ, кој ги искористил овие пари за да им плати на припадниците на ИД со потекло од БиХ и да им купи оружје. Се работи за лица кои се бореле за организациите на Џабет ал Нусра и фронтот Ал Нусра поврзани со Исламската држава. Тие учествуваа во вооружени терористички акции, напади врз населението, убиства и незаконски приведувања. Хамзабеговиќ, која има и швајцарско државјанство, е уапсена во мај на аеродромот во Тузла и е во притвор. Дел од државјаните на БиХ војуваа во Сирија. Ова не е прв пат да бидат откриени лица кои биле инволвирани во активностите на ИД.
