Земјотресот во Источна Македонија беше со јачина од 4.4 степени
Земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтеровата скала денеска во 10. 58 часот ја стресе Источна Македонија.
Земјотресот беше со епицентар на 150 километри југоисточно од Скопје, во соседна Бугарија, а е почувствуван во Берово, Пехчево, Делчево и Скопје.
Вчера имаше четири земјотреси во Македонија во попладневните часови, кои се почувствувани во повеќе градови. Паника вчера имаше во Охрид, Ресен, Кичево, Битола каде дел од граѓаните ги напуштија домовите поради стравот од земјотресот.
Слично
