Земјотресот во Гевгелија со епицентар на северот на Грција
Попладнево околу 18 часот и во Гевгелија беше почуствуван земјотрес кој според европската опсерваторија имал магнитуда од 3.1 степени по Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на северот на Грција кај Архангелос, на 20 километри западно од Гевгелија. Во текот на денот земјотрес беше регистриран и во Јужна Грција, а земјотреси со помал интензитет се регистрирани и во Турција.
Слично
