Земјотресот попладнево беше со јачина од 5.3 степени
Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го стресе Скопје во 15.10 часот.
Епицентарот на земјотресот бил на 5 километри од центарот на градот, во регионот на Скопска Црна Гора на длабочина од 2 километри.
Потресот е почувствуван во повеќе градови во Македонија, но и во Србија и Косово. Граѓаните во страв ги напуштаат домовите и излегуваат на улица.
Утрово во седум часот скопјани почувствуваа земјотрес кој беше со јачина од 3.9 степени.
Се разлика од оние утрово, овој земјотрес бил појак.
Слично
