Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотресот почуствуван низ цела Централна Македонија

Земјотресот почуствуван низ цела Централна Македонија
Потресите кои беа со епицентар на Скопска Црна Гора наутро во 7 часот и попладнево во 15 часот се почуствувани и низ цела Централна Македонија. Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат дека земјотресот имал ефекти и низ Велес, Свети Николе, Кавадарци, како и во Битола, додека пак најодалечена точка од епицентарот која го осетила тресењето е во охридскиот регион. Пријави за потресот стигнуваат и од Тетово. Низ Скопје има најголема паника меѓу граѓаните бидејќи се пријавени помали материјални штети, а по паднат оџак смачкан е еден автомобил. Засега нема извештаи за повредени, освен што телефоните на Итната медицинска помош се вжештени за лица кои претрпеле стрел. Надлежните апелираат на смирување на состојбата.
Слично

Поврзани вести