Земјотресот кој ги погоди Петриња, Сисак и околината бил 30 пати посилен од оној во Загреб
Разорниот земјотрес кој на 29 декември ги погоди Петриња, Сисак и околината бил околу 30 пати посилен отколку оној кој на 22 март го погоди Загреб. Но освен јачина, меѓу овие два земјотреси постои уште една клучна разлика, пишува „Јутарњи лист“.
Загреб се наоѓа во зоната на таканаречениците медведнички раседи, додека Петриња и Сисак се во зоната на покупскиот расед.
„Во секој случај, загребскиот и петрињскиот потрес се две различни епицентрални подрачја и немаат врска еден со друг. Сеизмичката активност на нашето подрачја оваа година е засилено. Основна причина за тоа е поместувањето на африканската плоча кон евроазиската па ни се случуваат вакви потреси на раседните плочи“, објаснува за Јутарњи лист шефицата на Сеизмолошката служба Инес Иванчиќ.
Покупскиот раседен систем се протега од Јастребарскиот кон Покупскиот па речиси до Бања Лука. Активностите на тој расед не се ретки, па така во 1909 година предизвикале потрес од 5,8 степени по Рихтер, а се претпоставува дека еден сегмент на тој расед во 1969 година предизвикал земјотрес со сила од 6,4 степени кој ја уништил Бања Лука.
