ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ТУРЦИЈА: Се стресе Измир
Во текот на денот имаше повеќе земјотреси во Турција. Умерен земјотрес имало во близина на Измир.
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во дистриктот Карабурун, во турската провинција Измир на брегот на Егејско Море. Турската Управа за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека земјотресот бил во 16 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 6,9 километри. На истото подрачје утрово се регистрирани три земјотреси, од кои два во рок од една минута.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, но населението се плаши дека по овие земјотреси ќе следи уште посилен.
Слично
