Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотреси во Бугарија, се стресоа Велико Трново и Чирпан

Земјотреси во Бугарија, се стресоа Велико Трново и Чирпан

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала на полноќ е почувствуван кај Велико Трново во Бугарија. 

Епицентарот се наоѓа на 19 километри од градот. Потресот бил на длабочина од 2 километри. Тој се случил точно две минути по полноќ.

Земјотресот ги вознемирил жителите на овој и околните градови. Засега нема информации за евентуални штети. 

Потресот е почувствуван сосема слабо во Русе.

По Трново имаше мал потрес и во Чирпан. Земјотресот бил со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала. 




Слично

Поврзани вести