Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕСИ ПОПЛАДНЕВО: Се стресоа повеќе балкански земји

ЗЕМЈОТРЕСИ ПОПЛАДНЕВО: Се стресоа повеќе балкански земји

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер околу 18 часот попладнево е регистриран во Албанија.

Тој бил на 69 км од Тирана и на длабочина од 10 км. 

Еден час пред овој земјотрес имало послаб потрес од 2,9 степени.

Околу 19 часот земјотрес со јачина од 2,2 степени е регистриран и во Црна Гора, а во текот на денот во повеќе наврати се тресеше и соседна Грција.

Вчера слаб земјотрес е почувствуван и во Македонија. 

Во текот на денот земјотреси имаше во различни делови од светот. 

Се стресоа Италија, Турција, Гибралтар, Португалија, Алжир, Џорџија и други држави. 

Слично

Поврзани вести