ЗЕМЈОТРЕСИ ГО ТРЕСАТ БАЛКАНОТ: Силен потрес утрово во Албанија, разбуди и дел од Македонија
Не престанува да се тресе тлото на Балканот.
Утрово силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Албанија, а се почуствува и во северозападните делови на Македонија.
Земјотресот е регистриран нешто после пет часот.
Податоците на сеизмолошките центри покажуваат дека е погоден северниот дел на Албанија, односно градот Решен, во околината на Лјеш.
Вчера пак околу 16 часот силен земјотрес со магнитуда четири ја погоди Бањалука.
Земјотресот бил на длабочина од 10 км, а епицентарот осум км источно од Бањалука.
Поместувањето на тлото се почуствувало во станбени згради и куќи.
Засега нема податоци за можна материјална штета.
Слично
