Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ВО РИЕКА ВЕЧЕРВА, ИЗМЕРЕНИ 4 СТЕПЕНИ: Епицентарот бил во Словенија

ЗЕМЈОТРЕС ВО РИЕКА ВЕЧЕРВА, ИЗМЕРЕНИ 4 СТЕПЕНИ: Епицентарот бил во Словенија

Во Риека околу 19 часот и 30 минути е почувствуван земјотрес. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 15 километри од Илирска Бистрица во Словенија и 23 километри од Риека во Хрватска.

Сеизмографите на словенечката државна мрежа на сеизмички опсерватории забележаа земјотрес со јачина од 4 степени во 19 часот и 34 минути.

Според првите податоци, епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Јелшан, јавува Агенцијата за заштита на животната средина, а пренесува РТВ Сло.



Слично

Поврзани вести