Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес во Ливно го стресе и Сплит

Земјотрес во Ливно го стресе и Сплит

Потрес од 4 степени според Рихтеровата скала утрово го зафатил подрачјето на Ливно, Босна и Херцеговина. 

Земјотресот е почувствуван во 2.31 часот. Тој бил на длабочина од околу 5 километри.

Според податоците на Сеизмолошкиот завод на република Српска, земјотресот во епицентралното подрачје бил со јачина од 5 до 6 степени според Меркалијевата скала.

Бидејќи во близина на епицентарот е хрватската граница, земјотресот е почувствуван во Далмација, најмногу во делот околу градот Сплит. Засега нема податоци за штети. 

Земјотреси имало денеска во Романија, Турција, Иран, Швајцарија, Грција, Кипар и други места. 

Слично

Поврзани вести