Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес во Јанина, Балканот со серија потреси

Земјотрес во Јанина, Балканот со серија потреси

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Јанина, во северозападниот дел на Грција, пишуваат грчките медиуми.

Тој се почувствувал во регионот на Епир, Крф и  Лефкада. Потресот е регистриран околу половина час по полноќ, на длабочина од 10 километри. Грчката сеизмолошка агенција соопшти дека се работи за повратен потрес и дека нема причина за паника кај населнието. 

Пред пет дена, земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди регионот на грчко-албанската граница, а епицентарот се наоѓал на 12 километри северизападно од градот Јанина. Тогаш жителите преноќија на отворено поради страв од земјотресот. 

Балканот последниве месеци постојано се тресе. 

Денеска освен во Грција, земјотреси имало и во Турција и во Италија. 

Вчера потреси имало во делови на Грција, Турција, Италија и Албанија. 

Последниов месец на Балканот потреси имаше и во Хрватска и Босна. 


Слично

Поврзани вести