Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес во Хрватска и за време на новогодишната ноќ

Земјотрес во Хрватска и за време на новогодишната ноќ

Земјотрес е регистриран во Хрватска и за време на новогодишната ноќ. 

Нов земјотрес имаше во Хрватска и тоа 128 - ми по ред. Во последните 64 часа во земјата се почувствуваа 128 земјотреси, пренесува ЕМСЦ. Д-р Ален Берта, инженер за шумарство и извршен консултант во меѓународната консултантска компанија CGI, задолжен за набудување на Земјата објави на својот профил на Фејсбук сателитски слики кои го прикажуваат целиот обем на катастрофата што ја погоди областа Бановина во Хрватска. 

Дел од Хрватите Новата година ја поминаа под ведро небо, или пак спиеја во своите автомобили. 

Помош пристигнува од сите страни, а доставени се првите 20 подвижни куќички во Глина, пишуваат хрватските медиуми. 

Досега се обезбедени повеќе од 80 подвижни куќички за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина како дел од координирана акција на Министерството за туризам и спорт, Хрватскиот туристички одбор и Хрватското здружение за кампување, соопшти хрватското Министерство за туризам и спорт.

Подвижните куќички се донирани од многу компании, и се состојат од две соби за четири лица, имаат опремени кујни со маса, тоалет и туш. Во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни куќички за сместување на повеќе од 500 луѓе.

Слично

Поврзани вести