Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЧКАТА ВЛАДА: По оставката на Коѕијас-Ципрас ќе го води МНР

ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЧКАТА ВЛАДА: По оставката на Коѕијас-Ципрас ќе го води МНР

Промени во Владата на Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер денес прифати оставка од министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас.

Ципрас одлучил да го преземе Министерството за надворешни работи со цел успешно да се истера работата со Преспанскиот договор.

Како што пренесоа грчките медиуми, Ципрас му се заблагодарил на Коѕијас за досегашниот придонес во Владата.

Претходно, грчките медиуми ја пренесоа веста дека министерот од Владата на грчкиот премиер кој го потпиша договорот во Преспа дал оставка.

Слично

Поврзани вести