ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Погодени се Додеканските Острови
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала
ги погоди денеска Додеканските
Острови во Грција и погранична област со Турција, соопшти
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил во
Егејското Море на длабочина од два километра. Засега нема извештаи за жртви или
материјална штета.
Слично
