Земјотрес во Албанија: Се тресеше и Македонија
Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија во 7 и 26 ч, објавија од Европскиот Медитерански сизмолошки центар.
Освен во Албанија, земјотресот се почуствувал и Македонија и во Црна Гора.
Само шест минути порано во Албанија на исто место е регистриран уште еден послаб земјотрес, со јачина од 3,3 степени по Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил 34 км источно од Тирана, на длабочина од 10 км.
Земјотресот е почуствуван во делови на Дебар, Скопје и Тетово.
Слично
