Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево ја стресе Грција

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево ја стресе Грција

Тлото во соседна Грција не мирува. Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтеровата скала е регистриран попладнево. 

Потресот се случил во подрачјето Еласона во грчката област Тесалија, јавува агенцијата АНА. Земјотресот се смета во низа на афтер-шокови по вчерашниот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, при што беа повредени 11 луѓе, а оштетени се стотина куќи и други објекти. Неколку послаби потреси беа почувствувани и синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.

Во текот на денот имало дваесетина земјотреси во Грција. Вчера се тресеше Лариса, а земјотрес вчера и денеска имаше и во Хрватска. 

На интернет се појавија видеа кои покажуваат колку страшно изгледал потресот, но и какви штети оставил зад себе. 

Снимки направени со дрон ја покажаа сликата од разурнатите места. 

Слично

Поврзани вести