Земјотрес од трет степен го стресе Скопје
Жителите на главниот град почувствуваа земјотрес.
Земјотрес со епицентар во скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 19.13 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од досегашните податоци добиени преку Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, овој земјотрес е почувствуван во Скопје со интензитет од 3 степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.
Нема информации за евентуални оштетувања или паника предизвикана од земјотресот.
Слично
