Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес од Србија ја „стресе“ и Македонија

Земјотрес од Србија ја „стресе“ и Македонија
Слаб земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван синоќа во Македонија. Епицентарот на земјотресот бил на околу 60 километри североисточно од Скопје, на територијата на соседна Србија, но го регистрирала и Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Според досегашните макросеизмички податоци, потресот во 20 часот и 17 минути бил почувствуван во североисточниот дел од територијата на Република Македонија и тоа во Куманово и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.  
Слично

Поврзани вести