Земјотрес од 4.5 степени ја погоди Грција
Се стресе јужниот сосед. Земјотрес со јачина од 4.5 степени е регистриран на 15 километри источно од грчкиот град Нафпактос според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.
Земјотресот се случи пред 17 часот по локално време, а нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Во текот на денот повеќе потреси имаше во Грција, а еден земјотрес во регионот е регистриран и во Хрватска, близу Загреб.
Вчера имаше земјотрес во Македонија, во околината на Гостивар и Маврово.
Слично
