Земјотрес од 3.4 степена во Стоца во БИХ
Земјотрес со јачина од 3.4 степени според Рихтер е регистриран утрово во Стоца, 90 км јужно од Сараево во БИХ.
Според Републичкиот хидрометеоролошки завод, земјотресот е лоциран во 4.53 часот, на длабочина од 4.2 км, објавено е на сајтот на заводот.
Земјотрес со ваква јачина не може да предизвика штета, но можат да го забележат граѓаните. Се работи за земјотрес со умерен интензитет.
Слично
