Земјотрес ноќеска ја „здрма“ соседна Србија
Во регионот на Косјериќ ноќеска во 01.21 часот по локално време е регистриран земјотрес со магнитуда од 2,5 единици по Рихтеровата скала, објавија утрово српските медиуми.
Интензитетот на земјотресот во епицентарот е проценет на три-четири степени по Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат д апредизвикаат оштетувања на објекти во епицентралната област.
Претходно во регионот на Косјериќ синоќа е регистриран земјотрес со магнитуда од 4,6 степени по Рихтер.
Земјотресот се случил во 21.47 часа, а како што пренесуваат во тамошниот завод , чиј епицентар бил во селото Мерчичи кај Косјериќ, траел околу 30 секунди и засега нема информација дека е нанесена материјална штета на објектите.
Слично
