Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС НА БЕРЗАТА ВО ЕВРОПА: Цените на гасот првпат паднаа под 850 долари за илјада кубни метри

ЗЕМЈОТРЕС НА БЕРЗАТА ВО ЕВРОПА: Цените на гасот првпат паднаа под 850 долари за илјада кубни метри

Цените на гасот на берзите во Европа паднаа под 850 долари за илјада кубни метри за прв пат од 21 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Тргувањето со јануарските фјучерси според индексот ТТФ (најголемиот европски центар лоциран во Холандија) утринава започна по 882 долари за илјада кубни метри и на крајот на денот цената беше 849,68 долари.

Во петокот цените на гасот паднаа под 900 долари за прв пат од 13 јуни.

Да потсетиме, ЕУ на 19 декември постигна договор за граничната цена за рускиот гас од 180 евра за мегават-час, која ќе стапи на сила на 15 февруари.

Мерката беше воведена за да се заштитат европските домаќинства и бизниси од скокови на цените. 

Слично

Поврзани вести