Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ЦРНА ГОРА - половина час по полноќ жителите на Бар го сетија ударот

ЗЕМЈОТРЕС ЈА СТРЕСЕ ЦРНА ГОРА - половина час по полноќ жителите на Бар го сетија ударот

Земјотресот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран половина час по полноќ со епицентар во атарот на населбата Шушањ во Бар, Црна Гора.

На веб-страницата на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора е објавено дека јачината на земјотресот одговара на епицентралниот интензитет на IV-V степен од Меркалиевата скала.

Земјотресот бил лоциран на длабочина од 15 километри.

- Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје - соопшти Институтот за сеизмологија, пренесува „РТЦГ“.

Слично

Поврзани вести