Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес го „здрма“ Самос во Егејско Море

Земјотрес го „здрма“ Самос во Егејско Море

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на островот Самос во Егејското Море.

Сеизмолошкиот инстутит во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот е на 17 километри североисточно од Самос, на длабочина од 10 километри. 

Нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета од земјотресот на Самос.

Потрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтероварата скала, синоќа го погоди градот Јанина во северозападна Грција. 

Научниците се поделени во мислењата дали потресот од 5,3 степени, кој во саботата беше регистриран во регионот, бил главниот, со оглед на тоа дека по него се регистрирани стотици вторични потреси во областа Епир.

Поради сеизмичката активност училиштата, универзитетите и админстративните служби во Јанина денеска нема да работат.

Граѓаните поради страв ноќта ја поминаа на отворено. 


Слично

Поврзани вести