Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес ги вознемири граѓаните на БиХ

Земјотрес ги вознемири граѓаните на БиХ

Земјотрес попладнево во 16.04 часот е почувствуван во Босна и Херцеговина. 

Според податоците од Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата сеизмичка скала.

Епицентарот на потресот бил 8 километри источно од Бања Лука и 133 километри од Сараево, а жариштето било на длабочина од десет километри.

Граѓаните од повеќе населени места велат дека ова е најсилниот земјотрес кој го почувствувале во последно време. 

„Земјотресот траеше кратко, но беше јак“ - раскажуваат граѓаните. 

Други велат дека дури оградите во дворот се поместиле. 

Засега нема информации за нанесени штети.

Само 20 минути пред овој потрес имаше земјотрес во централна Италија. 


Слично

Поврзани вести