Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјотрес ги исплаши македонските туристи на Халкидики

Земјотрес ги исплаши македонските туристи на Халкидики
Македонските туристи на Халкидики утрово ги разбуди земјотрес. Околу 6 часот и 35 минути, жители и туристи на Полихроно, Певкохори, Калитеа, Сивири, и останатите места на првиот крак на полуостровот, барем оние што имаат полесен сон излегувале од своите хотели или домови, уплашени од земјотресот. Според сеизмолошките извештаи се работи за повеќе потреси од кои најсилниот беше со магнитуда од 4,9 степени со епицентар во Егејското Море, 18 километри југозападно од Полихроно на длабочина од 10 километри. Нема информации за какви било оштетувања.
Слично

Поврзани вести