ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА: Се случија стотици, се испитува дали ќе има поголем
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово го стресе регионот Теба во централна Грција, соопштија грчките власти.
Нема податоци за штети или повреди.
Геодинамичкиот институт во Атина објави дека земјотресот се случил нешто после осум часот по локално време, два километри северо-источно од Теба.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува „Катимерини“.
Во последните неколку дена се регистрирани стотици земјотреси во оваа област. Поради силната сеизмичка активност, научниците испитуваат дали овие земјотреси можат да бидат знак на посилен земјотрес.
Слично
