Земјоделците со силна поддршка за измените на Законот за земјоделство и рурарлен развој
Измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се предвидува пребивање на долговите со побарувањата од владините субвенции наидоа на широка поддршка од страна на земјоделците кои сметаат дека со компензирањето нема да има пречки во редовната исплата на субвенциите.
Токму поради овој проблем, поради небрежност или пропуст, за неплатени сметки за наводнување или пашарина, земјотелците не можеа да си ги подигнат субвенциите,
Во ноември минатата година поради вакви околности околу 2.500 тутунари се соочија со проблем околу подигнување на субвенциите за минатогодишната реколта во висина од околу пет милиони евра.
И од Сојузот на тутунските здружение на Македонија согласни, велат дека со компензирањето нема да има пречки во редовното субвенционирање.
„Побаравме да се изврши пребивање на долговите што ги имаат тутунарите и другите земјоделци, од субвенциите што ги добиваат во тековната година. Тоа се случи во ноември, кога од страна на Владата на Република Македонија ни беше прифатено, но за жал, денеска слушаме дека земјоделците на овој начин ќе биле изманипулирани и ограбени. Ние тврдиме дека тоа не е точно бидејќи претходно имавме консултации со сите тутунари, а тие тоа го побараа од нас“, рече Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија на денешната прес – конференција во Прилеп.
Од Сојузот на земјоделци сметаат дека со корекциите во законското решение, Платежната агенција автоматски ќе ги пребива долговите на земјоделците со дел од нивните побарувања по основ на субвенции и ќе се скратат сите бирократски процедури.
Слично
