Земјоделците се вклучуваат во „Шарена револуција“ со блокади на патишта
На „Шарена револуција“ од денеска и се приклучуваат и земјоделците.
Тие во 13 и 19 часот ќе ги блокираат патиштата во Крива Паланка и во Облешево. „Во нашата здруженост и барања земјоделците гледаат можност за Македонија во која институциите ќе работат и за нивните интереси и за нивната потреба за социјална правда. Во „борбата“ тие ќе постават блокади на патиштата и за денеска најавуваат блокади во Крива Паланка во 13 и во Облешево во 19 часот. Нема правда, нема мир! Македонија е на нозе “ - велат од граѓанските организации.
Од „Протестирам“ продолжуваат со протестите и остануваат на своите барања за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од СЈО, неотповиклива оставка на Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО и друго.
