Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците уште неколку дена можат да пријават штети од силното невреме со град

Земјоделците уште неколку дена можат да пријават штети од силното невреме со град

Земјоделците од Скопје и повеќе краеви кои беа најсилно погодени од страшното невреме со силен град ќе може да крајот на месецот да поднесат барање за надоместување на претрпените штети.

Во подрачните единици на министерството за земјоделство досега се доставени 150 барања.

Според првичните согледувања настрадани се околу 3.000 хектари со земјоделски култури, најмногу со овошни, градинарски и со житни насади.

Во прилог на барањето земјоделците треба да достават фотокопии од личните документи, трансанциска сметка и документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

За проценка на штетите се формирани повеќе комисии кои ќе ги посетат сите земјоделките стопанства на чии површини има предизвикано штети.

Обесштетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по увидот од комисиите и по проценката од страна на Бирото за судски вештачења.


Слично

Поврзани вести