Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците ќе можат до 30 септември да аплицираат за сретства од Ипард фондовите

Земјоделците ќе можат до 30 септември да аплицираат за сретства од Ипард фондовите

Земјоделците наместо до 22 август ќе можат до 30 септември да аплицираат за парите од европските фондови, бидејќи е продолжен рокот за поднесување барања за искористување на средствата од Ипард фондовите.

Програмата 2007- 2013 на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој се продолжува се со цел ефикасно искористување на парите од европските фондови.

На бројните трибини кои ги организираат министерството за земјоделство и платежната агенција, земјоделците се пожалиле дека имаат проблеми со прибирањето на некои документи поради летните одмори во јавната администрација и затоа се продложува рокот за повеќе од месец дена за да има поголема искористеност на европскте фондови наменети за модернизација на земјоделството и опремата со цел погелема рентабилнст и достигнување на европските стандарди.

Новина од овој осми оглас е можноста да се аплицира и за земјоделска механизација за која исто така половина од средствата се неповратна помош финсирана од европските пред пристапни фондови.

Слично

Поврзани вести