Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците фатени во лага за субвенции

Земјоделците фатени во лага за субвенции
Европската комисија (ЕК) објави синоќа дека привремено ја запира шемата за итна поддршка за пазарите на расипливи овошје и зеленчук (во вредност од 125 милиони евра). ЕК потсетува дека шемата беше прогласена на 18 август поради руското ембарго за увоз на храна од Европската унија (ЕУ). Од Брисел објаснуваат дека има силен интерес од страна на релевантните сектори, но шемата треба да биде затворена поради непропорционален раст на барањата за помош. Бројките за некои производи се неколку пати повисоки од вкупниот просечен извоз за Русија. За да се прошири ефикасноста на итните мерки и да се стабилизираат пазарите на овие производи во сите земји од ЕУ погодени од руските рестриктивни мерки, Европската комисија ќе излезе со повеќе насочена шема во блиска иднина, земајќи го предвид искуството од последните недели. Еврокомесарот за земјоделски прашања Дачијан Чиолос коментира дека ЕК продолжува да ги поддржува производителите кои изгубиле важен пазар, но во наредните денови ќе претстави конкретна и сигурна шема за помош. На 18 август Комисијата најави итни мерки за поддршка на пазарот во вредност до 125 милиони евра, со која треба да се финансира повлекувањето на реколтата. Врвот за јаболка и круши е 82 милиони евра, а за други овошја и зеленчук - 43 милиони евра. Регулативата ги опфаќа доматите, морковите, зелката, слатки пиперки, карфиол и брокула, краставици и корнишони, печурки, јаболка, круши, сливи, меко овошје, десертни грозја и киви, а цените се дефинирани во документот. Шемата е отворена за сите производители, а предност уживаат членовите на организации на производители. Регулативата бара од земјите-членки на ЕУ да ја известуваат Комисијата секој понеделник и четврток за бараните количини. До 8 септември се достигнати изречените финансиски максимуми. K.K.
Слично

Поврзани вести