Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјоделците добиваат долго посакувана „зелена“ нафта

Земјоделците добиваат долго посакувана „зелена“ нафта

Земјоделците ќе бидат задоволни од одлуката на владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ги исполни нивните барања за употреба и набавка на така наречена зелена нафта која ќе биде од големо значење во текот на земјоделското производств.

Портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска изјави дека постои конзензус во Владата за ова прашање и оти во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена.

– Во Владата има консензус за реализација на оваа мерка затоа што таа е предвидена и во програмата на Владата. Во Буџетот на Министерството за земјоделство има пари за поддршка за набавка на горива за земјоделска механизација и Владата оваа мерка ќе ја реализира следната 2018 година, истакна Јанковска.

Во завршна фаза се анализите, а реализацијата на оваа мерка ќе оди преку измена на Законот за земјоделство и рурален развој.


Слично

Поврзани вести