Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјите од ЕУ ќе разменуваат информации за фиктивни претпријатија

Земјите од ЕУ ќе разменуваат информации за фиктивни претпријатија

Сите земји од ЕУ се приклучија кон иницијативата за размена на информации за сопствениците на фиктивни претпријатија.

Целта на иницијативата е борба против даночното затајување.

„Минатата недела пет големи европски земји на самитот на Г-20 во Вашингтон постигнаа договор за автоматска размена на информации за вистинските сопственици на бизниси. Денес кон оваа иницијатива се приклучија сите земји од ЕУ“, изјави холандскиот министер за финансии Јерун Деиселблум по неофицијална седница на Советот на ЕУ за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Амстердам.

Истовремено работиме на голем број даночни прашања, додаде Деиселблум. Тој истакна дека во последните месеци е постигнато многу.

„Постигнавме договори за директивите за административна соработка, договоривме се за промена на кодексот на однесување. Во моментов продолжува работата на пакетот документи за спречување на даночното затајување. Се надевам дека ќе можеме да го одобриме на седницата на ЕКОФИН во мај“, додаде тој.

Скандалот „панамски документи“ ги стави под прашање финансиите на многу политичари, спортисти и ѕвезди, покажувајќи како парите се кријат во фиктивни претпријатија во даночни засолништа.

ЕУ ја забрзува и работата на создавање на заедничка листа со меѓународни даночни засолништа, како дел од реакцијата на скандалот. Заменик-претседателот на Еврокомисијата Валдис Домбровскис, кој е одговорен за еврото и социјалниот дијалог, изрази надеж дека листата ќе биде подготвена во најскоро време.

ЕК е подготвена да покаже било каква помош и се надева дека европската листа ќе биде првиот чекор кон создавање на глобалната листа, додаде тој.

Слично

Поврзани вести