Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ ВО СТУДЕН БРАН: Каде најврна најмногу снег?

ЗЕМЈИТЕ ОД БАЛКАНОТ ВО СТУДЕН БРАН: Каде најврна најмногу снег?

Студениот бран стигна во земјите на Западен Балкан и додека во Хрватска се забелеа, во Федерацијата на БиХ е проглaсен црвен аларм поради најавените врнежи, а на Маврово дебелината на снежната прекривка е 25 сантиметри.

Во БиХ се очекува претежно облачно време а снег се најавува на западна Босна но и на планинте и во централните подрачја на Босна.

Се забеле и Хрватска, а снегот сеуште паѓа ово поголем дел од централна Хрватска и во Горски Котор.

Снег ќе има и понатаму на планините, каде се очекува формирање на снежна покривка. Дождот во ниските предели ќе доминира и ќе создава и опасно замрзнување , па возачите се повикуваат на внимание.

Покрај дождот , дува непријатен ветер од северен правец, на Јадранот има бура посебно под Велебит, која го отежнува сообраќајот. 

Снег во делови од Хрватска е најавен и за утре, а од среда се најавува топење со дождот.

Најмногу снег во изминатите 24 часа пак , паднале на Маврово, каде висината на снежната покривка достигнала 25 цм.

Голема количина дожд паднала во Битола.


Слично

Поврзани вести