Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика одлучија да почнат со најголемото ослободување на резерви на нафта во историјата
Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да почнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата. Oва го потврди извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол.
„Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта за да го надоместат изгубеното снабдување поради виртуелното затворање на Ормутскиот теснец“, рече Бирол.
ИЕА потврди дека рекордни 400 милиони барели сурова нафта од резервите за итни случаи ќе бидат ослободени на пазарот за да се ублажат прекините во снабдувањето предизвикани од војната. Агенцијата вели дека резервите ќе бидат ослободени на пазарот во временска рамка што одговара на околностите на секоја поединечна земја-членка.
Војната што започна на 28 февруари сериозно го наруши протокот на нафта низ Ормускиот теснец. Според ИЕА, Азија во моментов е најтешко погодена.
foto printskrin youtube
