Земјиштето за карго аеродромот останува земјоделско, ТАВ ќе ги пренамени парите
Земјиштето на кое требаше да се гради карго аердром ќе остане земјоделско, односно тука не е предвиден никаков градежен проект, а парите кои турски ТАВ требаше да ги вложи ќе се пренаменат за други инфраструктурни проекти.
Пред членовите на Економскиот совет на состанок кај премиерот било презентирано дека изградба на планираниот карго аеродром измеѓу Штип и Свети Никола е невозможна поради ветровите и самиот терен.
Наредните неколку денови ќе се прецизираат деталите и точната сума која ТАВ ќе ја пренамени што според најавите ќе изнесува околу 45 милиони евра.
„Веќе е прецизирано со ТАВ дека овој карго аеродром нема да се гради. Ни беа презентирани сите аргументи и студии дека тоа е не возможно и дека државата ќе добие соодветни средства кои што ќе бидат употребени за канализации, водоводи и за инфраструктурни потреби на граѓаните“ - изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Земјиштето каде требаше да никне аеродромот, што сега е во сопственост на државата, прво ќе мора да се пренамени од градежно во земјоделско, а потоа ќе биде дадено под закуп. Дали ќе го добијат истите земјоделци што сега го работат или ќе има нов оглас ќе се одлучи дополнително.
„Денес се договоривме со министерот за транспорт и врски во целосна комуникација, затоа што тоа е експропеирано замјиште во сопственост на државата. Потребата и немената беше сосема друга, а ние сакаме целокупното земјиште даго ставиме во функција и во тој правец ќе оди таа плитика“ - изјави Љупчо Николовски.
Наредната недела на оглас ќе се најдат и околу 1300 ха од некогашниот комбинат Џумајлија. Од министерството за земјоделство најавуваат поголем број огласи бидеји по ревизијата на досегашните договори за закуп утврдени се неправилности и поднесени се над 200 тужби за непочитување на концесиските договори.
