Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗЕМЈИ ЗА ПРИМЕР ВО ЕУ: Невработеноста е само 3 отсто

ЗЕМЈИ ЗА ПРИМЕР ВО ЕУ: Невработеноста е само 3 отсто

Неколку европски земји се издвојуваат со ниската стапка на невработеност. Европската унија(EУ) е со стапка на невработеност од 6 отсто. Шпанија е на врвот, додека Малта и Чешка имаат најстабилни пазари на трудот. 

Највисока невработеност е забележана во Шпанија и достигнува 10,5 отсто, а по неа следуваат Финска (9,6 отсто), Шведска (8,7 отсто), Грција (8,2 отсто) и Франција (7,6 отсто).

Од друга страна, најниски нивоа на невработеност имаат Малта и Чешка со само 3 отсто, потоа следуваат Словенија (3,1 отсто), Полска (3,2 отсто) и Бугарија (3,5 отсто).

Во земјите со пониска невработеност од европскиот просек се вбројуваат и Германија (3,9 отсто), Нидерланд (4 отсто), Унгарија (4,5 отсто), како и Ирска и Хрватска, двете со 4,7 отсто. 

Овие податоци укажуваат дека пазарот на труд во ЕУ стабилен, иако разликите меѓу северните и јужните земји и понатаму се изразени. 

foto Wikipedia/SPŠCHG Ostrava

Слично

Поврзани вести