Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земји со најголеми резерви на нафта се …

Земји со најголеми резерви на нафта се …

Првите три земји по резервите на нафта се Канада со 173,2 милијарди барели, Саудиска Арабија со 268,4 и Венецуела која има и највисоки резерви на нафта на светот - 297,7 милијарди барели.

Пред неколку дена меѓународната заедница постигна договор со Иран поврзан за нуклеарната програма на оваа земја. Еден од ефектите за кои најчесто се разговара е и влијанието на овој договор на светската цена на нафта.

Иран  е , инаку на четврто место по залихи на нафта кои изнесуваат 157,3 милијарди барели, а на пето место е Ирак (140,3 милијарди барели).

Кувајт кој се наоѓа на 6 место има 104 милијарди барели на чија експлоатација смета. Обединетите Арапски Емирати се на 7 место со 97,8 милјарди барели, а осма е Русија со 80 милијарди барели нафта.

На 9 место се наоѓа Либија во која има 48,47 милијарди барели нафта. Десета по резерви нафта е Нигерија во која резервите изнесуваат 37,14 милијарди барели.

Слично

Поврзани вести