Земјава се гуши, загаден воздух на сите страни!
Последниве мерења на воздухот направени вечерва во 18 часот покажуваат голема загаденост на воздухот во повеќе градови ширум земјава.
Центар, Лисиче, Гази Баба, Миладиновци го рушат рекордот во главниот град, додека имуни не остануваат ниту Тетово, Кичево, Битола, Велес, Кавадарци и Кочани каде загаденоста на воздухот e и до 10 пати повеќе од максимално дозволената концентрација на честички.
Факт е дека треба да се превземат некакви мерки во најскоро време кои ќе придонесат кон намалување на оваа загаденост.
На зимава полека и се ближи крајот, а дали надлежните ќе го решат проблемот со загадениот воздух останува да видиме.
Слично
