Економија, финансии, бизнис

Контакт

Земјата е во хаос - печатат банкнота од 20.000

Земјата е во хаос - печатат банкнота од 20.000

Венецуела е принудена да печати  банкнота од 20.000 боливари затоа што валутата пропаѓа по хиперинфлација. 

Централната банка соопшти дека ќе издаде уште шест нови банкноти во средината на месецот од 500 и 20.000 боливари. 

Таа е 200 пати повредна од оние кои сега се во оптек. 

Засега 100 боливари вредат 15 центи или само 2 центи на црн пазар. Колапсот ги натера луѓето да носат пари во вреќа. 

Проценките  на Меѓународниот монетарен фонд се дека инфлацијата во земјата ќе достигне до 1.660% во 2017 година.

Само во ноември боливарот изгуби пола од својата вредност и за еден долар се потребни  4.400  боливари. 








Слично

Поврзани вести